Враќањето на Нејмар во Барселона се чини дека никојпат не било поблиску со оглед на тоа дека во петокот вечерта се појави негова фотографија во новиот дрес на шпанскиот шампион.

Фотографијата беше актуелна околу 10 минути, а потоа беше брзо избришана од страна на еден бренд кому Нејмар му е амбасадор.

Според пишувањата на медиумите, тоа е доволен знак јавноста да шпекулира и сега сите со нетрпение го очекуваат крајот на преодниот рок дали Бразилецот ќе се врати на Ноу Камп.

Нејмар од Барселона замина во 2017 година за сума од над 200 милиони евра, но само по две сезони „пукна тиквата“, а Бразилецот не е во плановите на Принцовите, а дури не доаѓа ни на тренинзите.

Преодниот рок завршува на 2 септември, а Нејмар во тимот сака да го види и Реал Мадрид.