Ракометарите на Вардар го освоија третото место на Супер-глоуб откако „црвено-црните“ во денешното мало финале славеа над домаќинот Ал Вехда со резултат 30-26.

„Вардарци“ го оставија зад себе разочарувачкиот пораз од Кил во полуфиналето, па идентично како и пред две години, повторно се закитија со бронзени медали не успевајќи да ги обединат европската и светската клупска ракометна круна.

Сепак, добра утеха е фактот дека освоеното трето место на македонскиот првак му донесе и финансиска награда од 150.000 евра.

Најдобар во македонската екипа беше Иван Чупиќ со седум постигнати гола, додека Даинис Криштопанс постигна шест гола.

Во финалето на Супер Глоуб ќе се соочат Кил и Барселона од 16.20 часот.