Во морето од веб портали, без импресуми, удавени од лажни вести Pressing TV излегува со лице, име и презиме.

Денес кога информацијата им е достапна на сите во секое време, баш тогаш е најважна довербата. Професионално и точно ви ја носиме информацијата. Директно од терен се вклучуваме во живо, со директен пренос се јавуваме и од најважните настани. Во потрага по вистината поставуваме прашања и инсистираме на прецизни одговори, анализираме, дебатираме, отвораме жешки теми и ги критикуваме лошите политики.

Нашата цел и мисија е да бидеме вистински сервис на граѓаните. Модерниот феномен за гледање телевизија онлајн и преносливоста на уредите која ги направи видео содржините лесно достапни од речиси насекаде, не натера да го создадеме Pressing TV.

Без цензура ви ги пренесуваме причините и последиците.

Pressing TV, двете страни на секоја приказна.