Досегашниот тренер на ракометниот клуб Партизан од Белград, Шпанецот Раул Гонзалез, поднесе оставка, потврдија од клубот.

Заедно со него, клубот го напушти и левиот бек Милош Кос, кој потпиша договор со германскиот клуб Вецлар, пренесува „Моцарт спорт“.

„По денешната седница на Управниот одбор и оставката на претседателот Миљан Жугиќ, беа одржани состаноци со стручниот штаб и играчите, на кои се разговараше за претстојниот период, сè до формирањето на новиот Управен одбор. Тренерот, кој дојде на чело на клубот во текот на летото и го предводеше тимот во Лигата на шампионите, одлучи да го раскине договорот со ’црно-белите‘ во новонастанатата ситуација, па така, до крајот на сезоната, тимот ќе го предводи досегашниот помошник Марко Павловиќ“, соопштија од РК Партизан.