Со неочекувана победа против Манчестер Сити, Нотингем Форест ја напушти зоната за испаѓање, а Манчестер Јунајтед падна во неа поради тоа.

Димитар Бербатов беше гостин во студио за време на емитувањето, и не му се допадна погледот на табелата.

„Не можам да верувам…“ рече Бербатов откако го покри лицето со рацете кога го виде својот поранешен тим како завршува на 18-то место.

Водителот на шега му повтори на Бугаринот дека се извинува што ја покажа табелата.

„Не се извинувај, со оглед на начинот на кој Јунајтед игра понекогаш, тој заслужува да биде таму.“