Косовски државјани во мал број се вклучени на еден или друг начин во арапските војни. Некои од нив по капитулацијата на ИСИЛ се вратија во Косово благодарение на акцијата за враќање планирана со поддршка на САД која беше досега најголема од ваков вид во Европа.

Но, дел од оние што сѐ уште се заминати остануваат во воените зони.

Министерството за внатрешни работи вели дека Косово работи на враќање на преостанатите граѓани таму, пренесува „Лајми.нет“.

На крајот на април годинава, повеќе од 100 граѓани на Косово, главно жени, кои ги следеле своите мажи во редовите на џихадистите и нивните деца се вратиле во земјата.

Во врска со ризикот од појава на насилен екстремизам и радикализам по нивното враќање во Косово, Ментор Врајолин од Косовскиот центар за безбедносни студии вели дека постои голем ризик, но не толкав за да биде алармантно. Тој, исто така додаде, дека не постои очигледна опасност, но дека безбедносните институции треба да бидат во состојба на подготвеност.

“Нормално постои ризик, но не толкав за да биде алармантно. Но, се разбира, институциите треба да се подготвени за секоја закана што може да му се случи на Косово. Од оваа перспектива, постои опасност но не многу очигледна, но можно е кога знаеме дека во многу други земји има ситуации на неочекувани напади”, рече Врајолин.

Од друга страна, експертот за безбедност, Авни Ислами, изјави дека косовските државјани треба да се вратат во својата земја, без оглед на тоа дали извршиле криминал или не.

“Не само оние косовски граѓани кои учествувале во војните во арапските земји, туку и оние кои останале, и покрај тоа што сториле кривично дело и покрај фактот што законот забранува косовски граѓани да учествуваат во војна во странство, и покрај тоа, тие се косовски граѓани и мислам дека секој од нив треба да се врати во својата земја “,вели Ислами.

Тој додава дека лицата повратници не треба да бидат предвреме обвинети ако сториле кривично дело или не, тоа е вели работа на судските органи.

“Не треба предвреме да се осудува кој извршил кривичното дело, за тоа постојат надлежни органи кои ќе проверат дали е направено или не. Секој граѓанин е невин додека не се изрече пресудата, затоа мора да се вратат и ако се виновни, треба да бидат казнети “, рече Ислами.

Дури ни тој не гледа опасност од повратниците од Сирија во нарушување на безбедноста во земјата. Вели дека конечно треба да бидат прифатени од државата и општеството и да им се помогне во ресоцијализацијата или, додава Ислами, да бидат осудени за злосторствата што ги извршиле.

Според косовскиот закон, за извршување на кривично дело во учество во војна во странство може да се изрече казна затвор од 3 до 15 години.

Косово, кое претежно муслиманско население,  е европска земја со најголем број борци во ИД во сооднос со бројот на население. Според информациите на косовското министерство за внатрешни работи вкупно околу 300 Косовци се имаат приклучено на џихадистичките групи во Сирија и во Ирак.