Eфраим Зуроф, познат ловец на нацистите изнесе свое видување на темата геноцид во контекст на резолуцијата за Сребреница во ОН.

Не секое воено злосторство е геноцид, а Сребреница е класичен пример, бидејќи сите жени и деца беа поштедени од силите на босанските Срби. Ако босанските Срби имаа намера да извршат геноцид, ќе ги убиеа сите босански муслимани собрани во Сребреница.Дефинитивно не треба да ја поддржиме резолуцијата која е закажана за гласање во Генералното собрание на Обединетите нации, бидејќи етикетирањето на Сребреница како случај на геноцид дополнително ќе ја ослабне и поткопува важноста на терминот, кој продолжува да служи како важно предупредување за човештвото за опасностите од војни и конфликти.