Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во пресрет на парламентарните избори на 8 мај, денеска порача дека „тој што не може да формира влада изгубил на изборите“ бидејќи, како што рече, влада се формира со минимум 61 пратеник.

Прво, тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник. Ќе видиме како ќе бидат финалните резултати на 8 мај, бидејќи изборите уште не се завршени и тогаш ќе може да се разговара во однос на формирање на влада. Јас знам како изгледа формирање на влада, треба да имате 61 пратеник минимум за да формирате влада. Полека, па ние сме во избори конкуренти со ВМРО-ДПМНЕ, 8 мај нека дојде па ќе видиме, рече Ковачевски по средбата со претставниците на раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија.