Премиерот Зоран Заев ќе биде и министер за финансии.Ова го пишува во неговиот предлог за владина реконструкција кој оди на верификација пред законодавниот дом. Тој денеска од Валандово ги најави измените.

Предлогот денеска ќе биде доставен до Собранието и верувам дека следната недела ќе биде ставен на дневен ред, изјави Заев.

Трајан Димковски ќе биде нов министер за земјоделство. Тој доаѓа на местото на Љупчо Николовски кој ќе биде генерален секретар на СДСМ.

Насерт Нуредини ќе биде министер за животна средина и просторно планирање. На местото на Садула Дураку кој пак од животна средина оди во новото министерство за политички систем.

Лидерот на ЛДП Горан Милевски е  предлогот на премиерот за нов министер за локална самоуправа на местото на Сухејл Фазлиу.

На испразнетото место во министерството за култура доаѓа Хусни Исмаили.

Заев им се заблагодари на досегашните министри кои раководеа со овие ресори Драган Тевдовски, Хазби Лика, Љупчо Николовски, Асаф Адеми како и на Зоран Шапуриќ.