Знаете ли што е црн лебед? Во политичките учебници, особено во оние во кои се изучува за феноменот Шарена револуција, означува партија или поединец која се обидува политички да профитира преку трагедија или несреќа. Добредојдовте во пет тешки минути.Сценарио и режија Бихаќа бр 8.

Македонија е шок од претепувањето на охриѓанката Сара од страна на нејзното момче Христијан со кого биле една година заедно. Откако се скарале во неговиот автомобил тој крвнички ја претепал и за тоа ќе одговора. Колку- колку што ќе процени судот врз основа на обвинението кое засега е нанесување на тешки телесни повреди наместо за обид за убиство. Обвинителот Стојанчо Арнаудоски првично проценил дека за насилникот се доволни мерки за претпазливост. Откако јавноста се крена а и по изјавата која ја дала Сара во болница за Христијан е одреден притвор. Јавноста првично беше изненадена што судот го прифатил барањето на обвинителот, Стојанчо Арнаудоски, кој е избран во 2021 година во времето на најголемата демократија на Заев , тепачот да не оди во притвор. Но, многумина не знаат дека доколку обвинител побара поблаги мерки за сторителот судот не може да одреди построги. Може само да ја прифати мерката или да ја ублажи. Значи да ја ублажи, не да ја преиначи во повисока. Затоа овој случај сега го презеде друг обвинител и судењето почнува овој месец. Така и треба.

Но, ова не им беше доволно на политичките некрофили од Бихаќка кои побрзаа да организираат протест во Охрид и покрај апелите на семјствотото на девојката дека сега им се потребни само мир и молитви за здравјето на Сара а не протести. Единствените кои вистински се погодени се семејството на Сара. Па така таткото на девојката излезе и јавно покажа слика од претепаната ќерка. Човек да не му е во кожата.

Но, фамилијата на девојката не знае дека СДСМ едвај чекаат да има некоја несреќа и да не налепат на револтот на граѓаните и така да извлечат некој ситен профит. Така беше со Кочани, со прегазувањето на Фросина кај Универзална, со мајката која се фрли држаеќи ја својата ќерка и сега со Сара. За СДСМ не е битно за што се протестира и дали сега е погоден момент, тука важно е да се протестира. Класичен црн лебед. Но, граѓаните ја научија лекцијата и затоа рејтингот и анкетите се такви какви што се. До следната жртва и следните избори.

Случајот со Ива Михајлова добива сериозни размери. Таа самата потврди дека станала пиун во рацете на бугарските служби и и го контролираат животот само за да може да се лечи.

ВДИГНИ МИ ЗАШТОТО ВСИЧКИ ШТЕ УМРЕМЕ ОШТЕ ТАЗИ ВЕЧЕР

Ива така е тоа кога ќе седнеш во скутот на службите. Таквите како тебе обично завршуваат на два начини, не ти го посакувам ни единиот ни другиот. Што мислеше дека кај Бугарите има нешто за џабе. Не постои бесплатен ручек. Те искористија и те фрлија како… да не кажам што.. . Целиот живот ќе живееш во страв и ова треба да биде поука за сите Бугари по професија од Македонија што земаа пасоши за да работат на бауштела во Германија или да патуваат со т.н европски пасош а се сраамат да кажат дека тоа е бугарски. Ѓаволот секогаш доаѓа по наплата, порано или подоцна.

Го знаете пишман аџиијата Еди Рама. Ни беше на гости за да ни каже дека Бугарските медиуми му ја извадиле од контект изјавата дека Македонија мора да внесе Бугарите во Уставот. Еди ај глеј си во својот двор, Македонија не ти е резервна градина.

Вакви сељачки финти можеш да им продаваш уште на Заев, Таче ,Касами, Меџити Хашим Тачи или Али Ахмети. Тие се твое ниво и друштво, може и ќе почнат да носат бели патики на свечено одело.

Оваа недела имавме сè. По сè изгледа, во Македонија секогаш се наоѓа некој што сака да профитира од туѓа несреќа, некој што сака да управува со туѓ живот и некој од соседството што сака да ни ја уредува државата. А црниот лебед? Тој, изгледа, одамна си заплива во македонските политички води.“ Се гледаме следната недела во нови пет минути.