Од 1 јули започнува мерката за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ за граѓаните. Со оваа мерка, за прв пат во нашата земја, секој граѓанин кој плаќа ДДВ добива пари од државата, на својата сметка. Кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра на крајот на секоја година.

Просечно семејство на крајот на годината добива приход плус, рече денес Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ и коалицијата.

Ако досега, државата само земаше пари од граѓаните, сега за првпат државата враќа пари кај граѓаните. Повратот на 15 отсто од ДДВ е последната во низата мерки кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и кои ги спроведовме за само 2 години“, рече тој.

Ацевски потсети дека претходно е покачена минималната плата од 9.000 на 12.500 денари, укината е радиодифузната такса и е воведена евтината тарифа на струјата, мерка со која над 11 милиони евра завршуваат кај граѓаните.

Социјалната помош ја зголемивме за 300%, односно од 3.000 на 10.500 денари, го намаливме ДДВ-то за парното од 18 на само 5%, ги намалувме казните и до 75%, а трошоците за нотари и извршители и до 90%. Просечната плата се зголеми за над 2.000 денари, а пензиите за над 800 денари. Земјоделците можат да вратат пари од персонален данок, а со мерката зелена нафта над 200 милиони денари остануваат за 55 илјади земјоделци.

Концептот „пари кај граѓаните“ е јасно изразен во денари и проценти и претставува успешен модел за подобар животен стандард, подобар живот на граѓанинте, раст и развој.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години земаше пари од граѓаните. СДСМ како одговорна партија обезбедува повеќе пари назад кај граѓаните“, рече Ацевски.