Власта и опозицијата се договорија околу новиот Закон за спречување на коруцијата. СДСМ прифати 20 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак увидот во банкарските сметки останува.

Според СДСМ Македонија ќе добие силна и независна инстритуција за борба против корупцијата по европски стандарди.

СДСМ од почетокот остана доследна за зајакнување и проширена надлежност на Државната комисија за спречување на корупција, и од оваа заложба не отстапивме. Прашањата за директен увид во сметките на носителите на јавни функции, е затворено. ДКСК ќе има право до директен пристап до банкарските сметки, но и во над 60 други бази на податоци. Не се дозволи воспоставување на паралелен систем, односно орган коишто беше предлог од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, преку барањето за формирање на национален совет, изјави ратеничката Снежана Калеса – Ванчева.

ВМРО-ДПМНЕ е со став дека фактот дека власта прифатила 20 нивни амандмани е доказ  за неоснованиста на тврдењата дека тие го блокирале формирањето на антикорупциската комисија. Велат дека тие 9 месеци апелираат на фрмирањетона Комисијата.

Прифаќањето на амандманите е показател дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да блокира вакви битни процеси туку пред се има еден сериозен пристап да дејствува за подобрување на сите процеси кои се одвиваат во нашето општество. Сигурна сум дека после ова Република Македонија ќе добие професионална Државна комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси, комисија која што ќе ги задоволува европските вредности и истовремено ќе го покаже својот квалитет. И морам да кажам дека искрено се надевам оти ќе биде формирана силна антикорупциска комисија која ќе се избори во корупцијата во нашата држава, која ќе се спротивстави и ќе ги реши секојдневните корупциски скандали на актуелната власт во Република Македонија, рече попладнево на прес-конференција пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.