СДСМ реагира на повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за предвремени парламентарни избори. Од партијата велат дека тажно имрачно во Македонија било кога претходната власт расипнички ги трошеа парите. И кога државата била заробена и во изолација.

Граѓаните одбраа иднина во ЕУ и НАТО со заштитен и загарантиран македонски идентитет, македонски јазик и посебност признаени од целиот свет. Кога ќе има избори не зависи од желбите на пионот и портпарол на Бачев Мицкоски, туку од приоритетите на граѓаните и државата. Но кога и да се случат предвремени парламентарни избори, Мицкоски нека се подготви за пораз, исто толку тежок пораз каков што ќе доживее и неговиот кандидат за претседател. Граѓаните никогаш повеќе нема да дозволат нов Иванов или нов Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ.