На површина од 90 хектари во општина Ѓорче Петров  ќе биде лоциран новиот Клинички Центар, објави Сител.

Конечната одлука до крајот на месецот треба да ја донесе Владата, но според досегашните анализи и проценки на здравствените власти, местото под обиколницата на излезот од Скопје кон Тетово викано Веле Поле било највисоко рангирано.  Министерството за здравство направило и своја методологија за бодување на предложените локации а имале и стручна дебата со претставници од повеќе државни институции и архитекти.

Правиме пределаборати и како ќе изгледа објектот, разговаравме со директори на клиниките што се им треба. Од 400 до 500 милиони евра ќе чини изградбата и сме по потрага по партнери за кредитирање на новиот клинички. Имаме позитивни сигнали од банката при Советот на Европа која ни е долгогодишен партнер и сум уверен дека ќе најдеме, вели министерот за здравство Венко Филипче.