Вкупно 15 тела, меѓу кои и на шест деца, пронајдени се во скривалиште на екстремисти откако дошло до размена на оган помеѓу воената полиција и осомничени исламски милитанти за кои се верува дека се поврзани со бомбашките напади на цркви и хотели во Шри Ланка за Велигден.

Загинатите се откриени во една куќа, откако власите во саботата наутро вршеле рација по пукање, во кое, според претходните извештаи на војската и полицијата, загинале четери вооружени лица и еден цивил.

Борбите избиле во петокот вечерта помеѓу војници и осомничени терористи за кои се верува дека се поврзани со нападите за време на Велигден.

Вооружените напаѓачи отвориле оган врз војската кога се обиделе да нападнат куќа во градот Калмунаи, изјави воениот портпарол. Сумитх Атапату.

„15 тела, вклучително и шест деца, се пронајдени во терористичка „безбедна куќа“ во која се водела битка, изјавил Атапату“, пренесува Асошиејтед Прес.

Според извештаите, луѓето се убиени кога терористите, обиколени од сите страни, самите себе си се разнеле. Тројца мажи го активирале експлозивот и притоа се убиле себе си, три жени и шест деца.

Војската соопшти дека силите на безбедноста за време на претресот пронашле и експлозиви, детонатори, „самоубиствени елеци“, воени униформи и знамиња на ИД.

Меѓу војниците нема загинати.