САД ќе испратат уште 300 војници на границата со Мексико заради мигрантите кои се обидуваат да ја преминат границата.

Од Пентагон е соопштено дека меѓу војниците ќе бидат и стотина кувари кои ќе делат оброци, со што се прекинува со претходната политика во која се избегнуваше контакт на војската со мигрантите.

Потегот на Пентагон е последен во низата сигнали на се поголема поддршка на војската на имиграционата политика на претседателот Доналд Трамп.

Тој претходно месецов најави дека ќе испрати дополнителна војска на јужната граница.

Портпаролот на Пентагон Чарли Самерс рече дека на границата ќе бидат испратени 160 возачи и 20 адвокати.

Во близина на границата САД и Мексико во моментов се наоѓаат околу 5 илјади војници.

Трамп имиграцијата ја стави во самиот центар на важни прашања за време на неговиот претседателски мандат.