Форензичкиот тим на владата на Шри Ланка соопшти дека седум бомбаши самоубици извеле шест симултани напади на три цркви и три луксузни хотели во и околу Коломбо за време на Велигден.

Бројот на загинати се искачи на 290 луѓе, а 500 се повредени, а приведени се 24 лица кој се сомничат за поврзаност со нападите. Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападите.

Околу 1,2 милиони католици живеат на Шри Ланка, која има 21 милион жители. Христијаните се седум проценти, околу 70 се будисти, 12 – хидуисти и 10 отсто се муслимани.