На 20 ноември во речиси цела Европа ќе се одржат големи протести. Организатор е новоформираната организација „Youth internacional strike“. Повод за протестите во 40 земји се војните кои се водат во Европа и на Блискиот Исток а доаѓаат во време на големи демонтрации во Албанија, Франција и Италија.

На 20 ноември протести ќе има во Германија, Франција, Италија, Белгија, Шпанија, Португалија, Грција, Австрија, Чешка, Велика Британија.

Во најавата за протестите се вели дека сега било време за ескалација.

Зошто штрајкуваме?

Како студентски и младински организации од цела Европа, повикуваме на ден на заеднички штрајкови и мобилизации .Постојаната ескалација на војните, вооружувањето и империјалистичкото угнетување, заедно со климатските промени, го обликуваат светот во кој растеме и ни ја негираат, како млади луѓе, можноста за достоинствена иднина.

Заедно, напишавме манифест што може да го потпишат сите организации кои се подготвени да се приклучат на штрајкот.
Студентските и младинските организации низ цела Европа се здружуваат за да организираат масовен штрајк и да се мобилизираат низ цела Европа.

.