Најголемата дигалка во светот пуштена е во употреба за првата британска нуклеарна електрана.

Биг Карл како е наречен кранот е од големо значење за изградбата на првата нуклеарна електрана во земјата уште во 1995 година. Биле потребни три месеци да се состави дигалката, а сега ќе ги крева најтешките делови на првата нуклеарка во Британија.

Машината, е наречена по извршниот директор на холандската компанија Саренс НВ. Може да пренесе дури 5 илјади тони или иста тежина како 1.600 автомобили.

Дигалката не е единствената со големи бројки. На почетокот на годината на тоа место се излиени и 9 илјади кубни метри цемент, што е најголема количина забележана во Британија.

Биг Карл во бројки

-висок е 250 метри

-го придвижуваат 12 мотори

-може да подигне 5 илјади тони во радиус од 40 метри

-се придвижува на 96 тркала