Претседателите на Русија, Турција и Иран, Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани, во понеделник во Анкара ќе одржат состанок на кој ќе ја разгледаат ситуацијата во сирискиот регион Идлиб, соопшти денеска турскиот претседател за националната телевизија НТВ.

„Идлиб ќе биде во центарот на внимението на трилатералниот самит во Анкара. Ќе размениме мислења за различните точки на гледање за решавање на ситуацијата и за борбата против тероризмот“, рече Ердоган , пренесе Тасс.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди дека рускиот претседател ќе учествува на состанокот на мировниот процес во Анкара и барањето решение за сириското прашање.

Гарантите на процесот од Астана – Русија, Турција и Иран, првиот состанок го одржаа во Сочи во 2017 година, по што шефовите на трите држави соопштија дека договореното формирање на четирите зони за деескалација нема да го загрозат територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија и ги повикаа сириската власт и опозиција да учествуваат во разговорите. Потоа беа оддржани уште три вакви средби.