Американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за несогласувањата околу кризата во Венецуела кога ќе се сретнат следната седмица во Финска, изјави денеска неименувано американско официјално лице.
Истиот извор навел дека Помпео и Лавров ќе разговараат за низа спорни прашања кога ќе се сретнат на маргините на Арктичкиот собир во финскиот град Рованијеми.
Очекувам дека Помпео и Лавров ќе имаат шанса за разговор за најразлични прашања, вклучително и загриженоста заради однесувањето на Русија во Украина и Венецуела“, навел изворот.
Лавров и Помпео во четвртокот телефонски разговараа за ситуацијата во Венецуела. Помпео на Лавров му рекол дека помошта на Москва на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ја дестабилизира таа земја.
Шефот на руската дипломатија го осуди „разорното влијание“ на Америка во, како што рече, флагрантнотокршење на меѓународното право.
Comments are closed for this post.