Бугарскиот историчар Горан Благоев откри дека Грција ги трампала коските на Цар Самоил за реликвции кои и припаѓале на Охридската архиепископија. Конкретно се работи за реликвија која во Бугарија е однесена од Охрид, а не од Северна Грција станува збор за моштехранилница, кутија со мошти од светителка, кои биле во црвата Св. Богородица во Охрид, а однесени во Софија исто така за време на Првата светска војна.

– Ова може да се покаже како голем скандал, дека сме ѝ дале на Грција реликвија која е од Охридската архиепископија, од светиот за нас Охрид. Историскиот музеј и владата должат одговор – предупредува Благоев.
Меѓу 53-те црковни предмети што Бугарија ѝ ги предаде на Грција во договорот за останките што му се припишуваат на цар Самуил се наоѓа и сребрена кутија со моштите на Света Матрона, реликвија што потекнува од Охрид и која нема ништо заедничко со Грција. Во 1916 година оваа реликвија од Охрид била дадена на “привремено чување” во Софија.







Comments are closed for this post.