Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, вчера во Кабул имал тајна средба со лидерот на талибанците, Абдул Гани Барадар, јавува БНР пренесувајќи го „Вашингтон пост“.

Според владини извори, цитирани од весникот, обајцата имале средба лице в лице, што е прво соочување на највисоко ниво, откако талибанците ја презедоа контролата врз авганистанската престолнина.

Детали за нивните разговори не се откриени, а  до средбата дојде во екот на повлекувањето на американските и други западни воени сили од Авганистан, чиј рок истекува на крајот на месецов, па можноста за негово продолжување ќе биде една од темите на средбата на лидерите на Г-7 групата.