151 пратеник гласаше за доверба на владата на премиерот Алексис Ципрас. Мнозинството Ципрас го обезбеди со гласовите на четворица пратеници од партијата „Независни Грци“ на Каменос, независната пратеничка Катерина Папакоста и пратеникот на „Река“ Спирос Данелис.

148 пратеници од опозициските партии, Нова демократија, Движење на промена, Златна зора, Река, Сојуз на централисти, Комунистичката партија на Грција, гласаа против.

Слично како и во македонското Собрание при гласањето на уставните измени, пратениците во Грција гласаа поединечно.

Парламентот гласаше за стабилност. Владата која веќе ја промени Грција ќе продолжи така до завршувањето на нејзиното уставно загарантирано времетраење, изјави Ципрас.