Ова се најстудените области во Грција: Каде што се евидентираат над 2.000 часа студ годишноСеверна Грција и планинските области на Централна Грција и Пелопонез бележат најмногу часови со ниски температуриОбластите во Грција кои бележат најмногу часови со ниски температури во текот на годината беа откриени со анализа на МЕТЕО единицата на Националната опсерваторија во Атина, при што Неврокопи е на прво место меѓу населбите со население од над 1.500 жители, пренесува „Прототема“
Со приближувањето на зимата и зголемувањето на потребите за греење на домаќинствата, научниците ги испитаа не само просечните температури на секој регион, туку и бројот на часови во кои живата останува под 3 степени Целзиусови.
Во анализата се користени податоци од мрежата на метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина, која броеше 630 станици во 2026 година. Врз основа на овие записи, создаден е збир на податоци со висока просторна резолуција за температурата и врнежите во Грција од 2015 година па наваму.
Кои области имаат најмногу студени часови
Како што може да се види од првата мапа на meteo.gr, најмногу часови со температури под 3 степени Целзиусови се забележани во Северна Грција, како и во планинските области на Централна Грција и Пелопонез.
Напротив, најмалку часови со ниски температури се забележани на Јонските и Егејските острови, како и на Крит.
Втората мапа ги прикажува 15-те населби во земјата со население од над 1.500 жители кои бележат најмногу студени часови на годишно ниво.
На врвот на рангирањето е Неврокопи, со просек од 1.711 часа годишно со температури под 3 степени Целзиусови. Меѓу областите што следат се Мецово, Лерин, Птолемаида и Гревена, додека Карпениси е рангиран на осмото место.







Comments are closed for this post.