Александар Вучиќ изјави дека постои можност Стелантис да го премести производството на моделот „Фиат Гранд Панда“.
Фабриката Стелантис во Крагуевац е важна за автомобилската индустрија во Србија и домашниот извоз.
н нагласи дека не ја добил информацијата преку официјални канали и изрази очекување дека Владата на Србија ќе разговара за иднината на производството со компанијата.
„Еве ексклузивна информација што не ја добив преку официјални канали. Се плашам дека до крајот на следната година, Стелантис ќе го префрли производството на „пандата“ во Турција. Би сакал тоа да не биде вистина и би сакал владата да почне да разговара со нив за тоа“, изјави Вучиќ за Информер.







Comments are closed for this post.