Под границата од 75 проценти на просечниот БДП во ЕУ во 2017 година биле пет региони во Грција, објави Евростат. Според европската статистичка организација најбогат регион е централен Лондон со  626 проценти од просечниот БДП, додека убедливо на дното е северозападниот регион на Бугарија со само 31 процент.

Најнизок БДП во Грција е забележан во источна Македонија и во Тракија – 46 проценти, додека најбогата е Атика (Атина) со 97 проценти.

Во најсиромашните европски региони според БДП се наоѓаат четири грчки региони, пет се од Бугарија, четири од Унгарија, два од Романија, три од Полска и два во надворешните територии на Франција.

Најголем БДП има централен Лондон – 626 проценти над просекот, Луксембург – 253, јужна Ирска – 220, Хамбург – 202 исто колку и Брисел.