Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ посочи дека две држави ѝ одзеле на Македонија 21 година институционално приближување кон Европската Унија, посочувајќи го македонскиот пример додека зборуваше за односот на Хрватска кон европските интеграции на Црна Гора. Пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, Пленковиќ нагласи дека Хрватска има конструктивен пристап кон Црна Гора, за разлика од односот со кој, според него, се соочувала
Македонија.


„Го имате примерот на Македонија, која во времето на самитот во Загреб во 2000 годинабеше пред Хрватска во институционална смисла. Тие сè уште не ги отвориле преговорите. Постојат две држави кои, да речеме така, од 2005 до 2026 година ѝ одзедоа 21 година приближување кон ЕУ, посочи Пленковиќ.