Деветгодишен ученик во Бурса, Турција, отрул 25 свои соученици, во знак на одмазда. Ученик рекол дека на своите врсници им се одмаздил затоа што тие насилно се однесувале кон него.

Агенцијата Анадолија објави дека деветгодишниот ученик решил им се одмазди на „насилниците“ со тоа што додека тие биле на час по физичко во сите шишиња со вода им ставил лепило. За настанот се дознало на 20 февруари годинава кога учениците масовно почнале а се жалат на тегоби и лошење.

Сите 25 ученици кои пиеле вода од своите шишенца завршиле во болницата во Бурса. Анадолија објави дека против ученикот е поведена дисциплинска постапка.