Министерот на Сојузниот оддел за надворешни работи на Швајцарија и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис се заблагодари за солидарноста и помошта што земјава ѝ ги понудила на Швајцарија по трагедијата во Кран-Монтана на 1 јануари годинава. Тој потсети дека македонската поддршка била меѓу првите што пристигнале по несреќата, при што земјава понудила не само спонтана солидарност туку и конкретна помош, имајќи го предвид сопственото искуство со трагедијата во Кочани.
-Сакам да ѝ се заблагодарам на Македонија за непосредната и брза солидарност по трагедијата што се случи девет месеци подоцна, на 1 јануари оваа година во Кран-Монтана во Швајцарија. Вашата земја беше една од првите што укажа помош, не само што изрази спонтана солидарност туку понуди и неопходна поддршка, со оглед на искуството што, за жал, веќе сте го преживеале – рече Касис.







Comments are closed for this post.