ВМРО-ДПМНЕ повторно побара одговор од владата за како што велат еден од најголемите корупциски скандали на власта. Докази и сомненија кои посочуваат за постоење на 7 милионската тендерска аванта за владиниот генерален секретар Драги Рашковски доаѓаат од секој чекор, рече на денешната прес-конференција Иванка Василевска, зборувајќи за наводниот сомнителен тендер за набавка на систем за летање преку М-НАВ.

Ако авантата од 7 милиони која чувме од медиумите дека Рашковски ја договара не е точна зошто тогаш чекорите кои Рашковски ги договара по кои италијанската фирма го добила тендерот се вистинити. Зошто на снимката на Рашковски се договараат кои заклучоци ќе се донесат и доколку се провери дали навистина се донеле вистината е поразителна за оваа криминална власт. Рашковски на снимката договара заклучок кој владата навистина го донела за што потврдуваат овие документи, вели Василевска.

Таа му постави десет прашања на Рашковски.

  1. Зошто господине Рашковски манипулирате дека се работи за веќе договорен тендер, кога договорот е склучен на 14.12.2018 година, два дена по состанокот кај вас во влада?
  2. Доколку како што велите господине Рашковски дека од менаџментот знаеле дека со италијанската компанија имале негативни искуства, зошто не го поништиле тендерот?
  3. Дали гласот кој се слуша на снимката е ваш  и дали се слушате како на претсавниците на италијанската компанија им велите дека тие се добитници, но дека имало проблем со процедурата?
  4. Како е можно да биде доделен тендер на компанија со истечена тендерска документација?
  5. Го повлековте ли господине Рашковски заклучокот на владата за кој претседтелот на М-НАВ ви укажува дека е спорен?
  6. Кои закони и подзаконски акти Сугарески и неговиот шеф на кабинет ги испратиле во Собранието за изменување и што се требаше да се смени за да можете да го доделите тендерот на фирмата која посакувате?
  7. Зошто го криете од компаниите учеснички на тендерот наодот на Бирото за судски вештачења?
  8. Господине Рашковски како според вас Италија, Шпанија, Франција и Малта се „ебиветар“ држави? Како се среќавате и ги гледате во очи амбасадорите на овие држави и впрочем што мислите за вашите помали коалициони партнери од ромска националност?
  9. Дали и во другите делови од набавката инсистирате италијанската компанија да добие на непосредна спогодба, иако ви укажуваат дека не се работи за компанија којашто е директен производител?
  10. И за крај господине Рашковски кои се европски држави кои се наоѓаат под екваторот?, прашува Василевска.

Таа прашува и дали молкот на премиероот Заев знчи дека и за него имало дел од авантата.