Автобус на „Хафет турс“ кој се обраќал на релација Скопје – Сплит, утрово во 3 часот се запалил во возење во близина Дубровник. Како што објавува порталот Охрид Њуз  за среќа во инцидентот нема повредени, сите патници за кратко време го напуштиле автобусот, кој е речиси уништен од пожарот.

Иако беше непријатно, немаше паника. Многу луѓе спиеја, но по алармот за пожарот веднаш еден по еден низ вратата на возачот, бидејќи другите врати беа блокирани, го напуштивме возилото и се оддалечивме на безбедно растојание. Во меѓувреме двајца од патниците веднаш се спуштивме во багажникот и спасени беа сите торби освен можеби една,- изјавил патник од автобусот.