Мерните станиците повторно евидентираат огромна концентрација на ПМ-10 честички во воздухот. Измерените вредности, во 11 часот, покажуваат највисока концетрација на ПМ10 честички во воздухот во Центар, потоа следуваат Струмица, Битола, Тетово каде вчера Министерството за животна средина ги активираше мерките против загадувањето.

Синоќа, концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички во Прилеп достигна досега незабележани и аларманто високи 1012 mg/m3.

Според податоците апликацијата „АирВизуал“, денеска во 11 часот, Скопје се наоѓа на третото место во светот по загаденост на амбиенталниот воздух.

Енормната загаденост веќе трет ден ги поминува границите на нормалата.

Вчера Министерството за животна средина информира дека во Битола, Тетово и Струмица прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри е надминат и издаде препораки и мерки за справување со проблемот.