Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во синоќешното гостувањето во поткастот „Претрес со Ландов“, со јавноста сподели дека начинот на којшто Филипче бил избран за претседател на СДСМ бил контроверзен поради низа неправилности констатирани и документирани во електронскиот начин на гласање, при што како лица кои гласале за кандидатурата на Филипче за претседател на СДСМ биле евидентирани и починати лица, гласачи.


Има починати луѓе кои гласале. Документирано е тоа. Починати луѓе се заокружени на списокот дека гласале – рече Петров и додаде: Тоа е врз база на проверка, Има повеќе. Веројатно и оние кои ги заокружувале не знаеле дека се починати.


Петров, потоа кажа дека многу мал број на членови односно картички биле употребени при изборот на Филипче за претседател на СДСМ и праша зошто мнозинството членови не се одважило да гласа, констатирајќи дека никој од членството не го чувствува како свој.


Не може партија која имала 100.000 членови кога била на власт, имала и 80.000 членови, да има состојба во која ќе гласаат претседателот со 9.000 членови, картички кои се употребени каде се сите други? Каде се сите други, толку мал процент на луѓе се решиле дека треба да гласаат? – праша Петров и додаде: Тоа кажува дека не можете некого да го донесете и на сила да го направите претседател на СДСМ.


Петров му порача на Филипче да си поднесе оставка за да може да се спроведе избор за нов претседател на СДСМ, и дека ако повторно се кандидира истиот ќе биде лесно елиминиран доколку како противкандидат, има било кој од некогашните столбови на СДСМ, доколку гласањето, секако, не е по пат на електронски картички.
Нека си даде оставка, нека се избере претседател, нека се кандидира слободно, нема да го изберат без електронски картички ни под разно. Ако му биде кандидат некој од овие столбови на СДСМ што биле со години, теоретски шанси нема – рече Петров.