Концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички вечерва достигна досега незабележани и аларманто високи 1012 микрограми. Ова вечерва го регистрираше „Мој воздух“ во Прилеп, каде во моментот е загадено 20 пати повеќе од дозволените 50 микрограми на метар кубен.

Главниот град на Македонија, Скопје синоќа беше прв во светски рамки, по загаденост. Индексот на загадување во Скопје беше 430, а веднаш зад македонската метропола на неславната листа се најдоа градови од Индија, Пакистан, Бангладеш и Косово.

Вчеравечер, според Air Visual, Скопје беше најзагадениот град во светот.

Денеска никој од надлежните не се произнесе во однос на енормната загаденост која веќе трет ден ги поминува границите на нормалата.