Ова ќе биде трета средба на лидерите во овој формат – досега претседателите разговараа во Сочи во ноември минатата, и во Анкара во април оваа година.
Тројцата лидери ќе разговараат за тоа што може да се направи како би се нормализирала ситуацијата во Сирија. Конкретно, планирано е да се разгледа пакетот дополнителни мерки во правец на уништување на жариштата на меѓународен тероризам, решавање на политичката криза и создавање услови за враќање на бегалците во земјата.
Посебно се важни преговорите со турскиот претседател, со оглед дека сиријската војска подготвува офанзива врз упориштето на бунтовниците во Идлиб, последната покраина на западот од земјата, која не е под контрола на официјален Дамаск.
Коментирајќи ја најавената операција на сиријската војска, Ердоган ја истакна и улогата на Русија по ова прашање. Според негово мислење, нападот врз Идлиб би предизвикал масакр.
Се огласи и американскиот претседател Доналд Трам, кој го предупреди сиријскиот лидер Башар Ал Асад да не го напаѓа Идлиб, истовремено наведувајќи дека Русија и Иран ќе направат „сериозна хуманитарна грешка“, ако одлучат да учествуваат во таа операција.
Според историчарот и политиколог Станислав Тарасов кој е експерт за проблемите на земјите од Блискиот Исток, ниту западот не седи со скрстени раце.
„Гледаме дека воената морнарица на САД е концентрирана на истокот од Медитеранот. Се собира војска, тука е и Турција. Сепак, мислам дека Американците не се одлучни во намерата да извршат ракетен напад под изговор дека сиријската војска наводно се подготвува да користи хемиско оружје против терористите и заради тоа е обидуваат да дојдат до некаков компромис, смета Тарасов.
Лидерот на движењето „Нова Русија“, Никита Исајев оценува дека ова е вистинско време за соочување со Ердоган.
„Сега за Русија важно е паметно да изгради односи со Анкара, која бара сојузници, гаранти за безбеднот од притисокот кој врз нив го врши САД. Сега, и во Европа и во Турција, дури и во дел од Обединетото Кралство се формира некаква антиамеричка тактичка коалиција, уверува Исајев.
Експертот за Турција Јуриј Мавашев го истакнува значењето на Русија во решавањето на сиријското прашање.
„Сите чекори на турската војска денеска на овој или оној начин се координирани со руската страна. Турција како и сите е заинтересирана да се реши прашањето со Идлиб и сфаќа дека тоа прашање не може да се реши без Русија. Јасно е дека Турција нема конструктивни односи со владата на Асад и дека не може да ги има, а на Русија од друга страна и е јасно дека сиријската војска нема такво влијание во Идлиб како што има Турција. Да е поинаку, таа операција одамна би била спроведена, без договор со Турција“, истакнува Мавашев.
Comments are closed for this post.