Од што најмногу се плашат Германците додека спијат? Едно истражување покажало дека битката со меѓународниот тероризам, илегалната имиграција, економските проблеми не се толку загрижувачки за нацијата како што е тоа претседателот на САД, Доналд Трамп, односно неговите политики.

РТ пренесува дека истражувањето е спроведено врз 2.400 испитаници меѓу 8 јуни и 8 јули годинава, на кое се покажало дека дури 69 проценти од Германците оцениле дека политиките на Трамп и односот кон сојузниците се најопасни и имаат големо влијание низ целиот свет.

„Бруталната политика на Трамп „Америка пред се“, неговата агресивност кон меѓународните договори и неговите еднакво агресивни трговски и безбедносни политики, дури и кон сојузнички земји, предизвикуваат страв кај мнозинството д популацијата“, изјави професорот Манфред Шмид.

„Стравовите кај Германците“ е истражување кое ги документира стравовите кај нацијата од 1992 година. Стравот од Трамп процентуално е рангиран на шесто место во досегашните истражувања.

Инаку, во истражувањето дури 63 проценти одговориле дека германските институции не се способни да се справат со бегалците и барателите на азил.