САД воведоа санкции кон венецуелската рударска компанија „Минервен”, со образложение дека нејзините приходи од производството на злато се користат за финансирање на претседателот Николас Мадуро.

Во јануари годинава САД воведоа санкции и кон државната нафтена компанија ПДВСА, како обид за засилување на притисокот врз Мадуро да се согласи на нови избори.

Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин изјави дека овие мерки имаат за цел да спречат искористување на ресурсите од страна на Мадуро, се додека контролата во Каракас не ја преземе времена или нова демократски избрана влада.