Американскиот претседател Доналд Трамп, порано додека се занимавал со бизнис со недвижнини позајмил две милијарди долари од германската Дојче банк, пишуваат американските медиуми.

Во текст на Њујорк Тајмс се наведува дека Трамп успеал да докаже дека поседува доволно имот на негово име за да добие кредит од германската банка.

Облакодер и терен за голф

Сепак наведува весникот, Дојче банк одобрила кредит и покрај одредените предупредувања во врска со работите со кои тогаш се занимавал актуелниот претседател на САД.

Трамп наводно 2005 година поднел барање за кредит за изградба на облакодер во Чикаго.

Во 2010 година повторно побарал кредит од оваа банка за купување на терен за голф во Флорида.