Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека распоредувањето на нови руски нуклеарни ракети во Европа му штетат на клучниот договор околу контрола на вооружувањето. Тој изрази уверување дека Русија и западните сојузници ќе дејствуваат со взаемно почитување за време на вежбите кои двете страни ги спроведуваат во водите во близина на Норвешка.
Проблемот е распоредувањето на нови руски ракети. Нема нови американски ракети во Европа, но има повеќе руски ракети кои може да носат нуклеарни боеви глави, а таквите ракети го загрозуваат нуклеарниот договорот. Затоа ја повикуваме Русија да ја осигура својата согласност со договорот околу контрола на вооружувањето, изјави Јенс Столтенберг од Норвешка.
Американскиот претседател Донал Трамп на 20 октомври најави дека Америја ќе се повлече од нуклеарниот договор за контрола на вооружувањето од 1987 година, наведувајќи дека Русија го прекршува договорот, на што официјална Москва негира тврдејќи го токму спротивното.
Нуклеарниот договор од 1987 година им забранува на САД и Русија да поседуваат, произведуваат и тестираат крстосувачки ракети со домет од 500 до 5.500 километри.
Столтенберг, кој присуствува на воените вежби на НАТО во Норвешка, нагласи дека „ова не е ситуација од Студената војна“ и одново повтори дека вежбите се организирани „чисто за спречување, а не за провоцирање“.
НАТО ја извести Русија околу вежбите и ја повика да ги надгледува, но таквиот потег ја разлути Русија.
Москва предупреди дека би можела да биде принудена да одговори на зголемената воената активност на НАТО и соопшти дека нејзината морнарица планира да тестира ракети во меѓународни води, во близина не местото каде Алијансата ја спроведува најголемата воена вежба од крајот на Студената војна.
Comments are closed for this post.