Политичари од Грција и од Полска испратија предупредување до Берлин дека очекуваат исплата од еден трилион евра како отштета за штетите што на нивните држави им ги нанеле нацистите за време на Втората светска војна, објави британски „Експрес“.

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, тврди дека неговата земја никогаш не била соодветно компензирана за загубите нанесени од германските војници кои ја претворија Варшава во урнатини за време на Втората светска војна.

-Репарациите не се затворено прашање. Група експерти работи на ова прашање во парламентот. Ќе има парламентарна дебата каде треба да се донесат следните чекори. Варшава беше срамнета со земја. Експертите проценија дека никогаш не сме добиле отштета за тоа“, изјави Дуда за „Билд ам зонтаг“.

Грција исто така работи на свои планови со барање за исплата на воени репарации. За Сириза тоа е прашање кое психолошки се уште предизвикува проблеми, а владата е решена да го постави тоа прашање.

„Германија никогаш не ја заврши соодветно својата историска одговорност за големото уништување на земјата“, изјави за „Гардијан“ Стелиос Кулоголу, европратеник од Сириза.

Според извештај изготвен од собраниска комисија, Грција побарува долг од 299 милијарди евра на име штета предизвикана од наци-окупацијата. Од друга страна, според сличен извештај во Полска, Прага би барала повеќе од 740 милијарди евра.