САД наскоро би можело да ја забранат продажбата на борбени авиони „Локид мартин Ф-35“ на Турција, заради нивната набавка на ракетниот систем за одбрана С-400 од Русија.

„С-400 е компјутер. Ф-35 е компјутер. Не го поврзувате вашиот компјутер со оној на непријателот, а тоа е она што би го направиле со продажбат“, изјави помошникот на министерот за одбрана на САД за меѓународна безбедност Кејти Вилбарджер.

Иако САД се уште ја немаат донесено конечната одлука за продажба на авионите Ф-35 на Турција, Ројтерс наведува дека официјални лица потврдуваат дека Вашингтон веќе ја разгледува можноста за откажување на продажбата.

„Има многу работи кои може да ги суспендираме како би се испратил сигнал дека сме сериозни, изјавила Вилбарджер за Ројтерс.

Откажувањето на продажбата на авиони би било најсериозна криза помеѓу двата НАТО сојузници, тврди директорот на Центарот за стратешки и меѓународни студии Булент Алириза.