Најмалку 70 лица загина кога претоварен траект потона во реката Тигар во близина на ирачкиот град Мосул. Ова го соопштија полициските и медицинските служби на Ирак. Медиумите јавуваат дека бројот на жртвите би можело да биде многу поголем.

Повеќето од жртвите се жени и деца, изјави шефот на цивилната одбрана на Мосул, Хусам Калил и како што пренесува Ројтерс, додал дека спасувачките тимови досега извлекле од водата 12 лица.