Мишел Темер, поранешниот претседател на Бразил е уапсен во склоп на обемната антикорупцска истрага позната како „Перална“, јавува Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор вклучен во овој случај.

Екс претседателот негира било каква вмешаност. Неговото апсење се смета за неминовно откако ја изгуби правната заштита по напуштање на функцијата. Темер беше на чело на државата од 2016 до 2018 година, откако ја презема должноста заради смена на поранешната бразилска претседателска Дилме Русеф.

Непопуларниот Темер во јануари беше заменет со крајниот десничар Жаир Болсонаро.