Годинава која штотуку започна, ветува мноштво случувања како на меѓународната политичка, така и на економка сцена. Едно по секако ќе биде заедничко, несогледливата конкуренција помеѓу политичките, економски и технолошки „гиганти“, пред се меѓу Кина, САД и Русија.

На политичката сцена, неколку жешки теми ќе ја одбележат оваа година, парламентарни избори кај американските демократи, избори за Европскиот парламент, но и предвремени избори во Израел, додека економски гледано, оваа година ќе ја одбележат два големи натпревари – освојувањето на вселената, но и борба за пазарот на петата генерација во сферата на телекомуникациите.

Избори кај демократите во САД

Следните претседателски избори во САД ќе се одржат кон крајот на 2020 година. Меѓутоа, кандидатите кои ќе се тркаат за место претседател на САД, ќе бидат познати неколку месеци пред тоа. Дали некој ќе ја преземе „диригентската палка“ од Доналд Трамп, се уште не се знае.

Меѓутоа, кај демократите желбата да се земе „палката“ е голема. На претстојните пратенички избори во трката за кандидати кај демократите се очекуваат дури 40 имиња. Меѓу нив е некогашниот потпретседател на САД, Џо Бајден, но и некој други лица како популарната тв водителка Опра Винфри, иако не е сигурно дали таа ќе даде согласност да учествува во трката за следен американски лидер.

Избори за Европскиот парламент

И порај тоа што Европскиот парламент не влијае во голема мера на политиката на Европската унија, токму ова тело привлекува огромно внимание кај медиумите и јавноста. Распоредот на силите во парламентот во одреден степен ја претставува сликата и приликата на политичката состојба на Стариот континент.

Минатите избори беа одржани во 2014 година, кога процесот на трансформација на Западот тукушто започна, евроскептиците уште тогаш остварија значаен успех. Меѓутоа, во изминатите пет години дојде до големи промени, кои во буквална смисла ја потресоа структурата на ЕУ.

Вонредни избори во Израел

Есента минатата година кризата внатре во водечката коалиција на Израел драстично се заостри, а во основа се најдоа два проблеми: Односот кон конфликтот во појасот Газа, како и правилата за примање нови членови во Израелските одбранбени сили.

Имено, ултрадесничарите бараат од Бенјамин Нетанјаху да понуди сериозен одговор на, како што велат, „агресијата од страна на Хамас“, додека религиозните фундаменталисти бараат младите лица кои ја изучуваат Тора, да бидат ослободени од обврските кон војската на Израел.

Премиерот Нетанјаху во обид да го одржи консензусот внатре во водечката коалиција, рече дека ќе го поддржи овој предлог, но и дека ќе воспостави примирје со Хамас. Двата потези предизвикаа жестока критика од страна на министерот за одбрана Авигдор Либерман, што резултираше со негова оставка. Таквиот сплет на случувања доведе до распишување предвремени избори, кои ќе се одржат во април оваа година.

Овие избори, ќе бидат практично референдум на политиката на Тел Авив на Блискиот исток, со оглед на ситуацијата во тој дел од планетата која драстично се промени. Нетанјаху има серизони противници, иако ја има поддршката од американскиот претседател. Дури и мала промена на власта во Израел во ваков нестабилен терен ќе има далекусежни последици по регионот.

Трка во телекомуникациите

Од економски агол, оваа година во прв план, како што оценуваат експертите, ќе избие жестока борба за превласт во воведувањето пета генерација на мобилни мрежи. Оваа борба практично отпочна кога Вашингтон директно го нападна кинескиот „Хуавеј“, еден од светките лидери кога станува збор за воведувањето на оваа технологија ширум светот и тоа со апсењето на топ-менаџерката на корпорацијата Менг Веџоу

Кинеските компании веќе започнаа со агресивно имплементирање на 5Г технологијата на Азиско-пцифичкиот пазар, односно во Индија, Индокина, Средна Азија и Русија.

Меѓутоа, битката на индустриските гиганти во овој домен би можело да го успори процесот на имплементација на мрежата 5Г, но посекако оваа година ќе станеме сведоци на ново технолошко достигнување.

Трка за вселената

Уште една област која ќе ја одбележи овогодинешната индустриско-технолошка трка, ќе биде борбата за освојување на вселената. Иако се мислеше дека оваа област ќе престане да биде приоритет за човештвото, водечките земји во светот започнаа нова трка, како да обезбедат доминација надвор од доменот на нашата планета.

Во врска со тоа, американската компанија „Спејс Икс“, на чело со Илон Маск, најави дека работи на тестирање на сопствен пилотирачки вселенски брод „Кру драгон“, а во план е до крајот на годината да го претстави и најновиот брод кој ќе биде во состојба да пренесе луѓе на Меѓународната вселенска станица.

Меѓутоа, голем чекор направи Кина, откако нејзината сонда Чанг-4 успеа да слета на темната страна на Месечината. Покрај тоа, земјата изведе убедливо најголем број на лансирања во вселената, многу повеќе од нејзините главни конкуренти Русија и Америка.

Од друга страна, главна задача на Русија е оваа и следната година да ја одржи програмата за пилотирање на космонаути, земајќи ги во предвид настојувањата на конкурентите самостојно да пренесуваат луѓе до станиците во вселената.