Директните кинески инвестиции во странство, во 2018 година, пораснале за 4,2 отсто и достигнале 129,83 милијарди долари, соопшти Министерството за трговија, пренесува ТАСС.

Како основни причини за зголемувањето се посочуваат иницијативата „Еден појас, еден пат“, постојаната диверзификација на инвестициските текови во странство, зајакнување на инвестицискиот фактор, успешниот развој на соработката на пазарите на трети држави, зголемувањето на улогата на приватниот и на регионалниот капитал, активното формирање на зони за трговско-економска соработка во странство, како и потпишувањето на спогодби, што придонесуваат за социјално-економски развој на други  држави и за зголемување на кинескиот извоз.

За 12 месеци, директните финансиски инвестиции на Кина во странство се зголемиле, на годишно ниво, за над 105 отсто и достигнале 9,33 милијарди долари. Тековите, пак, на нефинансиски капитал се зголемиле за 0,3 отсто и достигнале 120,5 милијарди долари.

Кинеската централна банка денеска интервенираше со рекордни 83 милијарди долари во финансискиот систем на државата за да се подобри ликвидноста, што можеше да доведе до нов притисок врз економијата, која и без тоа дава знаци на слабеење.