Ни остануваат часови до судниот ден на една цивилизација како што најави претседателот на САД Доналд Трамп по примиријето што го договори со Иран. Откако Трамп го нападна Иран, и он не знае зошто, Иран го затвори Ормутскиот теснец, па Трамп го нападна Иран за да го одблокира Ормутскиот тенсец, за потоа Иран уште посилно да го блокира теснецот, па тогаш и Трамп реши да го блокира веќе блокираниот Ормутски теснец.
Единствениот излез од оваа блокада е Трамп да почне со деблокада на блокираната блокада. Сега ќе му биде и полесно бидејќи ќе го деблокира она што самиот го блокираше. Уф Господ да му е напомош и на светот а и на нас со цената на нафтата. Судниот ден може и ќе го преживееме, што не сме преживеале досега, ама празни резервоари некако потешко, коментира авторот на ТВ Колумната „5 миниути со Чавез“.







Comments are closed for this post.