Потполното повлекување на САД од договорот за нуклеарните ракети со среден домет не е најава за почеток на нова Студена војна, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Не мислам да зборуваме за развојот на настаните за Студена војна. Новата ера започна, рече Лавров, а пренеува Ројтер повикувајќи се на агенцијата РИА.

Русија во саботата на 2 февруари, го суспендираше почитувањето на одредбата од договорот за контрола на нуклеарното оружје од времето на Студената војна, бидејќи САД соопшти дека се повлекува од тој договор, обвинувајќи ја Москва за негово кршење.

Вашингот соопшти дека во потполност ќе се повлече од договорот, постигнат во 1987 година со тогашниот Советски Сојуз, за шест месеци доколку Москва не престане со наводното кршење на договорот.