Велика Британија, Франција, Шпанија и Шведска го признаа опозицискиот лидер Хуан Гваидо за претседател на Венецуела. Да потсетиме, ЕУ му даде рок на актуелниот претседател, Николас Мадуро, да распише претседателски избори.

Шпанскиот премиер Педро Санчез го призна Гваио за привремен претседател на Венецуела и рече дека во таа земја се потребни слободни и чесни избори што е можно побрзо.

Го признава претседателот на собранието на Венецуела Хуан Гваидо како претседател на Венецуела, изјави Санчез во телевизиско соопштение.

Исто така, францускиот министер за надворешни работи за радиото „Франс Интер“ рече дека Гваидо има „капацитет и легитимитет да организира избори“.

Претседателот Мадуро го одби ултиматумот на Европската унија за распишување претседателски избори. Тој за шпанската телевизија ТВ Секста рече дека нема да покаже „кукавичлук под притисок“ пред оние кои бараат негово заминување и поддршка на Хуан Гваидо.

Италија употреби вето на соопштението на ЕУ за признавање на опозицискиот лидер за претседател на Венецуела, изјавил дипломатски извор.

Истиот извор рекол дека Италија на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од унијата од 31 јануари до 1 февруари во Букурешт употребил вето на соопштението во име на Унијата.