Грета Тунберг, тинејџерката која повторно е во центарот на вниманието заради своето обраќање на Самитот на Обединетите нации за климатските промени во Њујорк, кога на светските лидери им порача дека „заради нивните празни зборови планетата умира“, предизвика спротиставени реакции во јавноста, од громогласни аплаузи до оспорување и тврдење дека со неа „манипулира нејзината мајка и еден стручњак за ПР“.

Девојчето од 16 години за само една година стана „лице на борбата за спас на планетата од глобалното затоплување“, а денеска е објавено и дека е една од добитниците на „алтернативниот Нобел“, наградата Рајт Лајвлихуд, заради своите „инспиративни барања за итна акција против климатските промени, кои се темелат на научни факти“.

Во образложението на фондацијата која го доделува признанието се навеува и дека: „примерот на Грета, која е номинирана и за Нобеловата награда, покажува дека има сила да донесе промени“ и дека нејзиниот пример „инспирирал и охрабрил многу луѓе да побараат политичка акција“.

Грета стана позната ширум светот на 15 години, бидејќи, минатата година, секој петок бегаше од училиште и пред шведскиот парламент протестираше против климатските промени. Нејзиниот пример го заследија врсници ширум светот и така настана глобалното движење „Петок за иднината“.

Набрзо Грета е прогласена за „икона на активизмот“ и „борец за климатските промени“, која дискутира рамо до рамо со водечки стручњаци, но се појавуваат и прашања „кој профитира“ од нејзиното ангажирање? Дежурните скептици одговор побараа во семејното стебло на девојчето.

Мајката на Грета е оперска пејачка и учесничка на Евровизија, Малена Ернман, а таткото е актер, Сванте Тунберг. Грета раскажа дека на осум годишна возраст прв пат дознала за климатските промени и тогаш прашала „зошто ворасните тоа не го сфаќаат сериозно“.

Наводно, ова е една од причините кои довеле до тоа Грета да заболи од депресија. Престанала да јаде, да оди на училиште и да зборува со сите освен со членовите на семејството и наставникот.

Тогаш е утврдено дека има Аспербергов синдром (облик на аутизам), опсесивно компулсивно пореметување и селективен мутизам, што, според нејзиното објаснување, значи дека „зборува кога чувствува дека тоа е потребно“ и дека сфатила дека „мора да говори за климатските промени“.

Според официјалната и на медиумите достапна биографија, родителите на Грета се откажале од своите кариери за да се грижат за неа и нејзината сестра Бети, која исто така боледува од Аспербергов синдром и опсесивно компулсивно пореметување.

Грета и нејзината мајка и ПР стручњакот Ингмар Рентог

Кога минатата година Грета започнала да протестира пред шведскиот парламент, ПР стручњакот и активист за заштита на животната средина, Ингмар Рентог на својот Фејсбук профил објави нејзина фотографија. Веднаш, приказната ја презема локален весник, стигна и до светските медиуми, а истовремено започнаа и првите обвинувања против мајката на Грета, Мален, дека со помош на Рентог, осмислила кампања за промоција на нејзината книга бо која пишува за борбата на ќерка си со бројните дијагнози.

Британскиот магазин „Стендпоинт“ објави дека Рентог не случајно налетал на штрајкот на Грета, туку по договор со Малена, со која неколку недели претходно говорел на конференција за климатските промени. Како еден од „доказите“ за оваа теорија послужил и податокот дека вредноста на зелената компанија на Рентог „Немаме време“ скокнала за повеќе од милион долари откако Грета се придружила во одборот за млади во компанијата.

Иако подоцна Грета се повлече од одборот, во јавноста не престанаа обвинувањата дека нејзината мајка ја „согледала користа која може да ја има од славата на нејзината ќерка во промоцијата на нејзината книга“.

И германските медиуми посветено го следат успехот на Грета во врвот на светската популарност. Така, „Дојче веле“ забележува дека оваа шеснаесет годишна девојка има изразени заеднички особини со популистите – совршено ја поедноставува комплицираната проблематика и врши поделба на друштвото.

Секогаш истите стереотипи: од една страна е друштвото на возрасни кои ја уништуваат климата и животот, од друга страна младите луѓе кои се грижат за иднината, иако живеат во индустриски богати земји. Грета и нејзиното движење се нова верзија на популизмот. Светот е поделен на црно-бело, добро и зло, младо и старо – напиша германскиот весник „Ројтингер генерал анцајгер“, пренесе Дојче веле.